ENG

SEE Q МРЕЖА

Queer мрежа во Југоисточна Европа на LGBTIQ активистите/ките од поранешна Југославија

SEE Q мрежата е регионална мрежа на LGBTIQ активисти/ки и претставници/чки од 20 LGBT организации од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Косово и Македонија.

SEE Q мрежата е основана во септември 2003 г. Со здружени сили таа се занимава со промовирање и заштита на човековите права на LGBTIQ населението, како и спречување на дискриминацијата и насилството врз основа на половата насоченост, родовиот идентитет и изразување, како и (меѓу)половите карактеристики, како на регионално, така и на меѓународно ниво.

SEE Q мрежата сака да создаде силна мрежа на LGBTIQ активисти/ки и организации кои ќе соработуваат на проекти од меѓусебна корист и интерес, што би можело да резултира со регионално LGBTIQ движење кое, како локално така и глобално, политички, културно и професионално ќе ги застапува човековите права на LGBTIQ лицата во јавноста и во општеството.

SEE Q мрежата е отворена за соработка и размена на професионални искуства со други LGBTIQ здруженија и здруженија кои се залагаат за човекови права, како и со слични мрежи и иницијативи од регионот и светот.

SEE Q ПРОЕКТИ

Во моментов SEE Q мрежата работи на регионален проект за LGBTI лобирање, застапништво и регулатива на јавното мнение (public policy). Ова е првиот LGBTI регионален проект кој опфаќа регионална координација и исходи од јавно делување. Целта на проектот е професионално да се обучат и едуцираат LGBTIQ активистите/ките и да се зајакне и прошири SEE Q мрежата за да може успешно да лобира и застапува промени во актуелната состојба во националните и меѓународните правни системи во прилог кон неопходното почитување на сите човекови права на LGBTIQ луѓето загарантирани и промовирани од меѓународните стандарди во поглед (не само) на половата насоченост, родовиот идентитет и изразување, и (меѓу)половите карактеристики.

СОСТАНОЦИ НА SEE Q МРЕЖАТА

2003

  • Божава, Дуги оток (Хрватска), 3. 9.
  • Скопје (Македонија), 29. 11.

2004

  • Сараево (Босна и Херцеговина), 28. 2.
  • Ријека/Опатија (Хрватска), 29.-30. 5.
  • Скопје (Македонија), 8.-10. 10.
  • Љубљана (Словенија), 17.-19. 12.

2005

  • Сараево (Босна и Херцеговина), 06.-07.02.
  • Белград (Србија и Црна Гора), 07.-08.05.
  • Загреб (Хрватска), 23.-24.07.
  • Нови Сад (Србија и Црна Гора), 22.-23.10.

2006.

  • Saбaц (Србија и Црна Гора), 04.-05.02.
  • Oпaтијa (Хрватскa), 07.-09.04.

SEE Q мрежа

  • Udruzenje Q (Сараево, Босна и Херцеговина)
  • Iskorak (Загреб, Хрватска )
  • LORI (Риека, Хрватска )
  • Zenska soba (Загреб, Хрватска)
  • Elysium and Sappho (Приштина, Косово )
  • Центар за граѓански и човекови права (Скопје, Македонија )
  • ЕГАЛ (Скопје, Македонија )
  • МАССО (Скопје, Македонија)
  • Legebitra (Љубљана, Словенија )
  • Magnus (Љубљана, Словенија )
  • Skuc LL (Љубљана, Словенија)
  • DIH (Љубљана, Словенија)
  • Centar za produkciju jednakosti (Нови Сад, Србија и Црна Гора)
  • Gayten LGBT (Белград, Србија и Црна Гора)
  • Deve (Белград, Србија и Црна Гора)
  • Duga (Saбaц, Србија и Црна Гора)
  • Labris (Белград, Србија и Црна Гора)
  • Lambda (Ниш, Србија и Црна Гора)
  • НЛО (Нови Сад, Србија и Црна Гора)
  • SPY (Белград, Србија и Црна Гора)
  • Queeria (Белград, Србија и Црна Гора)

Web
www.seequeer.net
www.queer.ba/seeq.htm
www.gaykosova.org/rrjetiSEEQ.htm

E-mail: SEEQmreza@yahoo.com